14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Ќе се мери квалитетот на воздухот во Кисела Вода

Мерна станица за квалитет на амбиентен воздух е поставена во паркот Македонија, веднаш до Домот на Култура.

Преку заедничка соработка на Општина Кисела Вода и Градот Скопје, жителите на овој дел од градот, за прв пат добија инструмент со кој се мери состојбата на воздухот.

Се мери концентрација на PM10, NO2, SO2, CO како и температура, влажност на воздух и брзина на ветар и истите се ажурираат на секои 5 минути.

Аирпоинтерот поседува и дисплеј што овозможува резултатите од мерењето да бидат видливи во секој момент. Истите резултати се достапни и на официјалната веб страни на Општина Кисела Вода, како и на порталот на Град Скопје.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредниот период вакви мерни станици ќе се постават околу сите големи загадувачи. Борбата за здрава животна средина, борбата со загадувачите, ќе биде бескомпромисна, изјави тој.