Ќе се оддржи традиционалната манифестација „Пивтијада 2023″ во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на својата официјална страница на фејсбук информираше дека општината и оваа година ја организира традиционалната манифестација „Пивтијада 2023”.

„Имам чест да Ве поканам на традиционалната манифестација „Пивтијада 2023”, како дел од прославата на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Манифестацијата има културен, натпреварувачки и хуманитарен карактер.

Во рамки на културниот дел на манифестацијата ќе настапат естрадните уметници Влатко Миладиновски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и Групата Аманет.

Во рамки на натпреварувачкиот карактер на манифестацијата граѓаните ќе имаат можност да се натпреваруваат со најубаво украсена пивтија.

Комисија од општината ќе изврши избор на три најубаво украсени пивтии и истите ќе бидат наградени.

Во хуманитарниот дел од манифестацијата секој граѓанин преку купување на пивтија ќе има можност да донира, по што собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели.

19.01.2023 година (четврток)

13:00 часот

Плоштад Автокоманда

Да ја продолжиме традицијата“, напиша Стефковски.