Ќе се плаќа со народни пари личноста која го велича Путин и е предлог на власта во работната група за уставни измени

На новинарско прашање, дали очекува исход од работната група за уставни измени ако се земе предвид и информацијата дека вљубеник во Русија ќе биде дел од таа група, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека темата за уставни измени за ВМРО-ДПМНЕ е затворена.
-За нас тоа е затворена тема, но таму има членови кои го величаат делот на Путин, претседателот на Руската федерација. Од друга страна имаме политичари кои ги номинираат, гледате на дело тие номинираат возљубеници во ликот и делот на Руската федерација и господинот Путин, ние ќе треба да ги плаќаме тие експерти, рече Мицкоски.
Во врска со ова информација Мицкоски потенцираше дека повеќе од јасно е од каде потекнува таа госпоѓа, како се стекнала со звањето и како доаѓа да учествува во таа работна група.
-Ако ја погледнете биографијата на таа госпоѓа ќе ви стане јасно од каде потекнува, како се стекнала со звањето и како доаѓа да учествува во таа работна група. Исто така и семејните стебла, тука е едно семејно стебло кое е по вертикала со ДУИ поврзано, друго семејно стебло кое се родени да бидат функционери и да бидат на грбот на граѓаните, е на СДСМ, или е уставен судија или е градоначалник, или е директор, или е во некоја комисија и зема илјадници евра народни пари, отприлика така функционира владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДС, кажа Мицкоски.