Ќе се укинат визите со Украина

Новинарот Христо Ивановски на црна листа во Украина
Новинарот Христо Ивановски на црна листа во Украина

Владата на вчерашната седница го утврди Предлог – законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Кабинетот на министри на Украина за условите за заемни патувања на државјаните.

Како што соопшти владината прес-служба, Предлог – законот предвидува олеснување на патувањето на државјаните од Северна Македонија и од Украина без обврска за поседување виза, под услов должината на нивниот престој да не надминува деведесет дена во текот на секој период од сто и осумдесет дена.