Ќе се вопоставува јавно-приватно партнерство за дистрибутивна мрежа за гас

Владата денеска донесе Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.

Притоа, како што информира владината прес-служба, ги задолжи Кабинетот на претседателот на Владата, Кабинетот на вицепремиерот задолжен за координација на економските ресори, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Регулаторна комисија за енергетика и АД НЕР Скопје во рок од три дена до Министерството за економија да достават номинации за член и заменик член во Комисијата за спроведување на постапката за  доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата.