Ебола повторно во Конго, СЗО испраќа стручањаци

Демократска Република Конго објави во неделата дека вирусот на еболата повторно се шири на истокот од земјата, каде што Светската здравствена организација (СЗО – WHO) испрати тим нејзини епидемиолози по смртта на жена од оваа болест и три месеца по прогласувањето дека е завршена претходната епидемија.

Вирусот на еболата повторно се појави на истокот од земјата, изјави конгоанскиот министер за здравство Етени Лонгондо за државната телевизија, додавајќи дека жената починала на 3-ти февруари во околината на Биена, во провинцијата Сверено Киву.

Со анализа на примерок од нејзината крв земен пред смртта, се покажало дека била позитивна на врисуот на еболата, соопшти министерството за здравство.

Селото Биена е во околината на градот Бутемба, каде што „епидемиолозите на СЗО ја водат истрагата на теренот“ и каде се „откриени 70 контакти“ на починатата, објави африканското биро на СЗО во соопштение од неделата издадено во Бразавил.

Овој нов случај на ебола е пријавен откако на 18-ти ноември 2020 година официјално беше прогласен крајот на 11-та епидемија на еболата во покраината Екватор, на северозападот на ДРК, која однесе 55 човеки животи од 130 пријавени случаи на болеста. Оздравувањето на последниот пациент од ебола е потврден во оваа конгоанска провинција на 16-ти октомври 2020 година.

Во неделата министерот за здравство Етени Лонгондо не ја пролгаси 12-та епидемија на еболата. Но уште кон средината на ноември предупреди дека во Конго „постои постојана опасност од избувнување на еболата“.

Вирусот на еболата, кој во 1976 година го откри Петер Пиот и меѓународен тим во кој беше и конгоанскиот професор Мујембе, се пренесува на човекот од заразено животно. Од човек на човек се пренесува со телесни течности, а главните симптоми се температра, повраќање, крварење и дијареа.

По големата епидемија која од 2013 до 2016 година владееше во западна Африка кога починаа 11.000 луѓе и пренесувањето на болеста во западните земји преју хуманитарни активисти, СЗО со секое појавување на еболата стравува од ширење на вирусот во светот. Поради тоа, и претходната епидемија на истокот на Конго, СЗО ја прогласи за меѓународна здравствена криза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.