Еболата е почеток на крајот на светот?

Појавата на грозница е симбол на библискиот крај на времето кое го обележуваат и земјотреси и чума, верува лекарот Мухамед Санкох.

Од еболата во западноафриканските земји досега починаа 2.811 лица, а до ноември се очекува бројот на заразени да се искачи на 20.000, предупредуваат од СЗО.

Од сите земји, хеморагичната треска најтешко ја погоди Либерија, каде што починале 1.587 лица и каде што бројот на заболени непрестано расте.

e1

Токму поради тоа и не не’ чуди низ Монровија можат да се слушнат различни приказни за чуда и проропштва.

Во први редови – Доктор Мухамед Санкох, медицински директор на болницата “Redemption” во Монровија, е во првите борбени редови против еболата, пишува Foreign Policy. Неговата болница прима луѓе за кои се верува дека се заразени и тие се сместени тука се додека не ги поминат сите тестови. После тоа ги испраќаат понатаму – или во центар за лекување или дома. Во зависност од тоа колку среќа имаат.

Целиот овој процес е многу опасен: заразените се сместени во сали но и по ходниците, а да се заштитат од еболата понекогаш е речиси невозможно. За тоа колку е страшно да се работи во ваквите болници, најдобро говори податокот дека оваа ужасна болест веќе убила деветмина медицински лица. Додека набљудува како еболата носи животи пред него, д-р.Санкох вели дека мора да се сврти кон религијата.

“Сите ќе умреме. Сите сме само странци кои поминуваат низ овој живот – вели тој. Д-р. Санкох додава и дека “ширењето на еболата е симбол на библискиот крај на времето кој го обележуваат и земјотреси и чума””.

Ebola American Doctor

Се’ е во рацете на Бога – и другите размислуваат слично. Сајрус Вилијамс седи покрај внуката Ештер на која еболата и ги убила и мајка си и татко си и братот.

“Болна е но не можам да и’ помогнам. Се надевам дека Господ ќе и’ помогне”, вели тој.

Во Монровија, пишува Foreign Policy, сите вести се за еболата. На насловната страница на еден локален магазин нацртана е слика од чудно црвено суштество со череп наместо глава, со стрела во едната и со нож во другата рака. Под цртежот пишува: “Направен сум по ликот на Сатаната да го уништам животот и се’ на земјата.”

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.