Банките во еврозоната мора да бидат внимателни во несигурно опкружување, изјави претседателот на надзорниот одбор на Европската централна банка (ECB), предупредувајќи на знаци за проблеми во капиталите на големите кредитори.
„Веќе се појавија јасни индикации дека квалитетот на средствата на големите институции почнува да се влошува“, рече Клаудија Бух, според текстот на говорот што ќе го одржи на митингот во Куќата на еврото во Брисел во кој увид имала германската новинска агенција DPA.
До крајот на 2022 година, учеството на нефункционалните кредити во вкупните банкарски кредити речиси континуирано се намалуваше, а од 2023 година повторно благо се зголеми, иако остана на ниско ниво, забележува Бух.
Неодамна супервизијата на кредитниот ризик се фокусираше на „чувствителни сектори“ како што е секторот на комерцијални недвижности, кој се соочува со проблеми поради високите финансиски и градежни трошоци.
„Моделот на банкарски заеми за компаниите за недвижности имплицира дека зголемените финансиски трошоци би можеле да го удвојат уделот на заемите на компаниите загубари до дури 26 отсто“, пресметала ECB во извештајот објавен кон крајот на минатата година.
„Портфолијата на комерцијални недвижности во банкарските средства се релативно ограничени, што значи дека веројатно нема сами да доведат до системска криза, но во случај на стрес на поширокиот пазар, тие би можеле да играат улога на значаен „засилувач“, се предупредува во извештајот.
Банките денес се „подобро капитализирани и поотпорни отколку пред десет години, кога беше основана банкарската унија“, нагласува Бух во текстот на говорот, но оценува дека „нема простор за опуштање“.
„Структурните промени во реалната економија, новите ризици, дигитализацијата и зголемената конкуренција може да претставуваат предизвик за деловните модели на банките“, објаснува шефицата на надзорниот одбор на кредитори во еврозоната.
До неодамна, растот на каматните стапки беше од полза на банките, зголемувајќи ги нивните профити, што им дава можност да ја зајакнат отпорноста преку градење капитални резерви и еластична ИТ инфраструктура“, нагласива Бух.
Пред да биде назначен на функцијата претседател на комитетот за банкарска супервизија на ECB во јануари годинава, Бух ја извршуваше функцијата потпретседател на германската централна банка Bundesbank.