Еconomist Inteligence Unit: Политичкиот ризик во Македонија на историски најниско ниво

Според Еconomist Inteligence Unit, пренесено и на влијателниот сајт за економски вести, “Блумберг“,  политичкиот ризик во Македонија е на историски најниско ниво од 1997 година па наваму.

Еconomist Inteligence Unit потенцира дека политичкиот ризик се оценува според политички фактори кои се поврзуваат со политичката стабилност и ефикасност, што може да влијае на способноста на една земја и посветеноста да го исплати долгот или да предизвика турбуленции во пазарот за извоз.

Од графиконот објавен во угледниот весник може да се забележи дека рејтингот на нашата земја во февруари 2014 година е на историски најниско ниво откако почнало да се спроведува мерењето во 1997 година. Тогаш нашата земја била на 80-то место според политчкиот ризик, додека сега се наоѓа на 61-то место.

Повисокиот резултат покажува поголема шанса за ризик, што укажува на тоа дека рејтингот на Македонија во однос на ризикот кон суверенитетот, валутата и банкарскиот сектор е на најниско ниво откако се спроведува мерењето.