Ед Ширан позитивен на коронавирусот седмица пред објавувањето на албумот

Пејачот до самиот врв на топ-листите во изјавата на Instagram објави дека е позитивен на Covid-19 на помалку од седмица пред објавуањето на петтиот албум, но порача дека и натаму има намера да ги дава планираните интервјуа и да настапува од својот дом.

„Ек луѓе, куса објава да ви кажам дека, за жал, позитивен сум на ковид, па сега сум во самоизолација и ги следам владините насоки“, вели музичарот.

„Тоа значи дека засега не можам да продоклжам да ги исполнувам своите обврски лично, така што повеќето од своите планирани интервјуа/ настапи ќе ги работам од дома… Им се извинувам на ситекои ве изневерив. Чувајте се сите“, додава Ширан,

Следната седмица Ширан треба да му се придружи во живо на Зејн Лоу од Apple Music за да ги изведе новите песни од својот албум и да одговара на прашањата на обожавателите.

Британскиот пејач стана светски популарен по објавувањето на синглот „ The A Team“ во 2011 година, водечката нумера од неговиот прв албум објавен во септември истата година.