Еден Азар се сели на „Сантјаго Бернабеу“

Реал Мадрид постигнал договор со Еден Азар, во обид да го привлече белгискиот играч од Челзи. Ова го соопшти шпанското радио „Онда Мадрид“, според кое двете страни се согласиле за личните услови на Азар, чиј договор со Челзи истекува во 2020 година.

Сепак „сините” во Лондон нема лесно да се откажат својата голема ѕвезда. Тимот проценува дека напаѓачкиот играч ќе чини околу 170 милиони евра – сума која Реал нема да сака да ја плати за играч кој е во последната година од договорот.

Од Реал Мадрид се надеваат дека ќе успеат во своите редови да го доведат Матео Ковачиќ, кој во моментов е на позајмица во Челзи и не сака да се врати на Бернабеу. Лондончани се задоволни од неговите услуги и сакаат да го задржат во својот тим.

Целта на Челзи е да го примора Азар да потпише нов договор кој ќе му овозможи на клубот подобра преговарачка позиција доколку самиот играч посака трансфер.

Неколку пати во текот на годината, Азар отворено кажа дека негов сон е да игра во Реал Мадрид.