Еден морнар загина, а еден е исчезнат во пожарот на рускиот носач на авиони

Еден морнар загина, додека втор се води како исчезнат во пожарот што изби на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“, соопшти денеска прес службата на руската Северна флота

Потрагата по исчезнатиот морнар е во тек, се наведува во соопштението, пренесува Тасс.

Во соооштението се додава дека морнарот погинал при обидот да го изгасне пожарот.

Руските медиуми претходно јавија дека во пожарот се повредени 10 лица, од кои седум се наоѓаат на интензивна нега.

„Адмирал Кузњецов“ е единствениот руски носач на авиони, долг е 120 метри, а е користен во воената камапња на Русија во Сирија.