Еден мртов и тројца ранети во пукање пред ноќен клуб во Австралија

189

Едно лице починало а три се ранети во пукање пред ноќен клуб во австралиски Мелбурн, објави во неделата полицијата која засега нема знаци дека станува збор за терористички напад.

Австралија, инаку, го има еден од најстрогите закони за контрола на оружјето на светот, кој го усвои по најголемото масовно убиство во историјата на земјата, кога напаѓач уби 35 лица во Порт Артур на островот Тасманија во 1996 година.

Оружениот напад се случил околу 3,30 часот наутро по локално време во живописното предградие Паран во Мелбурн, каде има голем број забавни содржини.

Тројца припадници на обезбедувањето на ноќниот клуб „Love Machine“ и едно лице кое чекало во редот се пренесени во болница со прострелни рани, објави полицијата на прес-конференција во Мелбурн.

„Се чини дека на луѓето пред клубот е пукано од автомобил во движење“, рекол полицискиот инспектор Ендрју Стамепр. Жртвите се здобиле со „ужасни повреди“ со куршуми истрелани од близина, додал.

Еден од обезбедувачите, 37-годишен маж, починал во болница, а уште едно 28-годишно лице е во критична состојба. Другите двајца ранети повеќе не се во животна опаснот. Еден од обезбедувачите бил погоден во лицето, пишуваат локалните медиуми.

Нема докази дека нападот е поврзан со тероризам, рекла полициската портпаролка. Засега нема уапсени, а истрагата продолжува, додала.

Според очевидци, било пукано од црн теренец „порше“, а возилото подоцна било пронајденов запалено во предградието Волерт.

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.