Еден мртов во нападот во синагогата кај Сан Диего

Во пукањето врз верници во синагогата во близина на Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија, едно лице е убиено а уште три се ранети, пренесуваат медиумите.

Напаѓачот кој пукал на верниците во синагогата во местото Поувеј, северно од Сан Диего, е идентификуван како 19-годишен белец. Момчето пукало од полуавтоматско оружје врз верниците кои се собирале на обред по повод еврејскиот празник Пасха, пренесува Fox News.

„Осомничениот е притворен“, рекол на прес-конференција шерифот на округот Сан Диего, Бил Гор, потврдувајќи дека станува збор за „возрасен бел маж“, кој претходно живеел во Сан Диего. Шерифот, исто така, потврдил дека четворицата повредени биле хоспитализирани брзо по пукањето. „За жал, еден од настраданите почина од здобиените повреди“, рекол Гор.

Градоначалникот на Поувеј, Стив Вос, за телевизиската мрежа MSNBC рекол дека станува збор за „злосторство од омраза“. Додал дека рабинот на синагогата биле ранет во рака и оти никој од повредените не е во животна опасност.

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати „искрено сочувство“ на семејствата на жртвите во пукањето во синагогата. „Засега се чини дека станува збор за злосторство од омраза и изразувам исгрено сочувство на сите кои страдаа. Ќе ја расветлиме оваа работа“, рекол Трамп во Белата куќа по нападот во синагогата „Чабад“ во Поуверј кој се одиграл околу 11,30 часот по локално време.

На 27-ми октомври 2018 година во пукањењто во синагогата „Дрвото на животот“ во Питсбург, во сојузната држава Пенсилванија, беа убиени 11 лица, а уште шест лица од кои четворица полицајци беа ранети. Во престрелката со полицијата беше ранет 46-годишниот напаѓач Роберт Бауерс. Обвинителството против Бауерс подигна обвинение за кривични дела и злосторстава мотивирани од верска нетрпеливсост, што севкупно може да доведе до изрекување смртна казна. Во американската организација за човекови права Антидидамационата лига трагедијата во Питсбург ја нарекоа еден од најкрвавите напади врз еврејската дијаспора во историјата на САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.