„Еден на еден” на Жаре годинава добила 300 илјади евра од владини институции

Компанијата „Еден на еден” во сопственост на водителот Жарко Димитриевски само во текот на оваа година добил околу 300 илјади евра владини пари, пренесува порталот Експрес.мк.

Според владиниот портал за Јавни набавки фирмата на Димитриевски Еден на Еден ДОЕЛ добила 9 тендери од различни институции во висина од огромни 18 милиони денари или 300 илјади евра.

Меѓу владините институции и компании кои му дале тендери на Димитриевски се Генералниот секретаријат на владата кој го води кумашинот на премиерот Мухамед Зекири, Државна Лотарија и Министерство за финансии, Управа за јавни приходи која ја води потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревски.

На списокот на институции од каде Димитриевски ги добил парите се и дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони и Заводот за статистика кои ги водат исто така кадри на СДСМ.

Жарко Димитриевски е познат по својата емисија еден на еден која се емитува 12 сезони, а сега оди на Канал 5.