Еден од антикорупционерите е баџанак на Талат Џафери

Нури Бајрами, новиот член на Државната комисија за спречување на корупцијата е баџанак на претседателот на Собранието Талат Џафери. Сопругата на Нури Бајрами е сестра на сопругата на Џафери.

Во изјава за медиумите Бајрами, кој претходно работеше во општина Гостивар, вели дека нема ништо спорно во неговиот избор. Тој тврди него не бил избран од Џафери, туку од членовите на комисијата за селекција, а баџанаци според закон не се роднини. Тој ветува дека ќе се бори против корупцијата, дури и ако во негови раце падне и предмет поврзан со неговиот баџанак.

На прес-конференцијата на Џафери, што ја одржа по распишување на претседателските избори, тој на новинарските прашања за коментар на одлуката за изборот на Бајрами да биде еден од седумината членови на Државната комисија за борба против корупцијата, одговори со прашање:

Како вашиот колега новинар влезе во тој состав на комисијата?