Еден од најпознатите британски ТВ-водители на Твитер: Секоја чест на Украина, но Евровизија е фарса

Eден од најпознатите британски ТВ водители Пирс Морган ја нарече Евровизија „наместена фарса“, по победата на Украина.

Пирс го критикуваше натпреварот, велејќи дека е „политички мотивиран“ и рече дека Украинците можеа да испратат кучиња трагачи за пронаоѓање бомби за да ја залајат националната химна и тие повторно ќе победеа, пренесе британски „Експрес“.

На Твитер, пред осум милиони следбеници, тој го нарече музичкиот настан „наместена фарса“.

Тој додаде дека се радува за Украина, но нагласи и дека Евровизија треба да престане да се нарекува натпревар, бидејќи, повтори, тоа е фарса.

Морган, поранешниот водител на најгледаната утринска програма во Британија „Добро утро Британија“, се најде во центарот на вниманието на светот кога јавно ги критикуваше принцот Хари и Меган Маркл, по што поднесе оставка, пред точно една година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.