Еден од обвинетите за Диво Насеље тешко го претепал Миле Јанакиески во затворот Шутка?

195

Извори на весникот „Лајм„, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент.

Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.

Според информацијата,  детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот.

Официјално сè уште нема ниту потврда ниту демант за оваа информација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.