Еден од полицајците што се тепаа во Кривогаштани е од ДУИ

За тепачката меѓу полицајците која се случи во неделата пред угостителски објект во Кривогаштани, полицијата извести дека станува збор за полициски службеници од селото Житоше.

-Во неделата, на 16 април, околу 04.45 часот, пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 41-годишниот А.Ј. од и 45-годишниот К.А., двајцат полициски службеници од село Житоше.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка“, соопшти СВР-Битола.

Според информации на „Нетпрес“, еден од полицајците, Кеморан Адемоски е член на ДУИ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.