Еден од заробените во Венецуела потврдил средба меѓу Гуаидо и шефот на компанијата која ги ангажирала

250

Челникот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо во март годинава имал лична средба со сопственикот на американската компанија за обезбедување „Silvercorp“американски воен ветеран Џордан Гудро, во Вашигнтон на која се разговорало за поединостите за вооржената инвазија во Венецуела, изјавил еден од заробените при обидот за илегално влегување во оваа латиноамериканска земја, чие сослушување беше пренесува преку државната телевизија VTV.

„Кон средината на март, кога Гуадо беше на патување во САД, Џордан Гудро (…) телефонски нѐ извеси дека е на состанок со Гаудо во Белата куќа и оти тој (Гуаидо) го сметаа него за воен советник за остранување на режимот во Венецуела. Тоа ни даде доверна и чувство на сигурност, затоа што една година претјодно го видовме Џордан (Гудро) заедно со лица од безбедностна слижќана на претседателот Доналд Трамп“, рече мажот кој се идентификуваше како Антонио Секеа.

Пред него, министерот за врски и комуникации на Венецуела, Хорхе Родригез, откри детали од договорот на 41-страница меѓу „ Silvercorp“, потпишан од венецуелска страна од Хуан Гуаидо и уште двајца политичари по кои венецеулските власти објавиле меѓународна потерница. Договорот, како што рече Родригез, предвидувал дека вооружената група со цела да изведе ликвидации на целеото раговодство на Боливарската Република, можела да престојува во земјата повеќе од 400 дена и да има одобрување за уништување објекто, вклучтелно и владини згради, а оти сумата на договорот изнесувала 212,9 милиони американски долари.

Минатиот четврток весникот The Washington Post објави 42 старници од договорот и дека во октомври 2019 година групација од венецуелската опозиција блиска на Гуаидо склучила договор во износ од 213 милиони долари со американската безбедносна агенција „Silvercorp“, за грабнување и соборување на венецуелскиот левичарски претседател Николас Мадуро.

На 3-ти мај венецуелските власти објавија дека спречиле влегување во земјата на група платеници кои од соседна Колумбија со супербрзи глисери полни со оружје и друга воена опрема се обиделе да се истоварат на венецуелскиот брег, на 80-ина километри од главниот град Каракас. Нивната задача наводно била да извршат воен преврат во земјата и да го грабнат или ликвидираат претседателот Мадуро.

Минатата седмица на венеуцелската телевизија беа емитувани сведочењата на двајца американски државјани заробени во акцијата. Станува збор за поранешни американски воени специјалци, 34-годишниот Лук Денман и 41-годишниот Ејран Бери, кои според своите признанија емитувани на телевизијата се специјалисти за урбани дејствија. Според нивните искази требало да подготват 50 Венецуелци во соседната Колумбија за оваа операција.

Американскиот претседате Доналд Трамп изјави дека Вашингтон нема никаква врска со лицата заробени во Веневуела, како и дека САД не би криеле дека изведуваат операција против оваа земја доколку ја испланираат.

„Мислам дека Владата воопшто не е поврзана со тоа и морам да откријам што се случило. Ако сме одлучиле нешто за Венецуела тоа не би било изведено на таков начин. Би било малку поинаку. Би ја нарекле инвазија“, рече Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.