Еден починат и над 60 новозаболени од Ковид 19

Повеќе од 60 нови случаи со Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа во државава, а еден пациент е починат објави МИА, според информации од Институтот за јавно здравје.

Од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје.

Повеќе информации за состојбата со Ковид-19 во земјава се очекува да соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во 15 часот.