20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Еден починат и 14 повредени мигранти најдени покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија

Еден починат и 14 повредени мигранти се пронајдени вчера во 04:30 часот покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска река. Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го пронашле починат 27-годишниот С.И. , мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди.

По кажување на мигрантите, тие биле истоварени од возачот на возилото, со кое биле превезувани, кој им рекол дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција. Притоа се здобиле со повреди, а едно лице починало.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово, и известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција. Повредените се пренесени во болниците во Гевгелија и Кавадарци. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.