Еден полицаец повреден, тројца на Ургентен, а 12 приведени по кошаркарскиот натпревар

Епилогот по инцидентот на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на МЗТ и Работнички е еден повреден полицаец, тројца навивачи се пренесени во Ургентен центар, додека 12 лица се приведени, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најпрво, поголема група на навивачи на Работнички започнале меѓусебна тепачка. По интервенција на полицијата, повреден е еден полицаец, кој се здобил со повреда, по што му била укажана лекарска помош. Тројца навивачи се пренесени во Ургентниот центар, каде што им била укажана лекарска помош.

По преземените мерки, полицијата приведе 12 лица и на истите им издаде платни налози, а на тројца повредени навивачи ќе им бидат издадени платни налози.