Еден повреден во сообаќајка на патот Маврови Анови – Дебар

17

Во судир на две возила, на регионален патен правец Мавови Анови – Дебар потешко повредено е едно лице.

Сообраќајната несреќа била пријавена околу утрово 7,45 часот. Според првичните информации, во близина на крстосницата за месноста Стрезимир се судриле „опел корса„ со гостиварски ознаки што го управувал Б. Ј. од Гостивар и возило „фолксваген кеди“ управувано од 29-годишниот А. Л. од долнореканското село Присојница.

Во сообраќајката со повреди се задобил Б. Ј. кој е пренесен во гостиварската општа болница.

Во тек е увид на местото на настанот што врши екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.