Еден ранет во пукање при бркотница со автомобили во скопски Бутел

Скопјанец настрадал во престрелка меѓу две групи на улицата „Хо Ши Мин“, во вторникот попладнето во Бутел, дознава 24 Инфо.

Како што дознава 24 Инфо, на престрелката меѓу две групи и претходела брканица со автомобили низ населбата, па и околу Основното училиште „Живко Брајковски“. За среќа нема настрадано деца и други минувачи.

Во инцидентот едно лице било застрелано во ногата и е пренесено во Поликлиника „Чаир“.

Повредено е уште едно лице, но не е познато дали станува збор за повреди од огнено оружје.

Од МВР потврдија дека имало инцидент и најавија повеќе детали во текот на денот.