Еден убиен и неколку ранети во пукање во училиште во САД

Едно лице е убиено а повеќе се ранети во вторникот во пукање во едно училиште во Кентаки, изјави гувернерот на оваа американска сојузна држава, додавајќи дека напаѓачот бил уапсен петнаесетина минути по инцидентот.

Пукањето со случило во средно училиште со 1.146 ученици, во градот Бентон, главниот град на округот Маршал Каунити во кој живеат околу 31.000 жители.

„Трагично пукање во училиште во Маршал Каунти… Напаѓачот приведен, потврдена е смртта на едно лице, повеќе ранети… Многу податоци сѐ уште непознати“, напиша гувернерот Мет Бевин на Twitter, без да објави дали жртвата е некој од учениците.

Веста за нападот и за едно убиено лице го потврди и полицијата. Според полициски извори, пукањето во Бентот се случило во вторникот утрото по локално време, но мотивите не се познати. Се додава дека и неколку часа по нападот, областа околу училиштето е блокирана од полициски службеници, а на самото место има присутни повеќе медицински возила.