Еден убиен во пукање во џамија во предградие на Осло

Вооружен инцидент се случил во саботата во џамија во општината Берим во близина на Осло, при што едно лице е убиено, а сторителот е уапсен, јави полицијата на норвешката престолнина.

„Берум. Исламски центар ал-Нур. Во џамијата се случи пукање. Еден убиен. Еден ранет. Злосторникот е ранет. Полицијата работи на местото на злосторството. Ништо не укажува на тоа дека во инцидентот биле вклучени повеќе лица. Штетата (од пукањето) е непозната“, се наведува во објавата на полицијата на Осло на нејзиниот профил на Twitter.

Според извештајот на телевизијата NRK, во џамијата биле пронајдени неколку единици оружје. Информацијата за пукањето во полицијата била примена во 16,45 часот по локално време.