Во средно училиште во американската сојузна држава Вашингтон се одиграл вооружен напад, во кој животот го загубил еден ученик. Напаѓачот е уапсен, а мотивите не се утврдени.
Еден ученик е убиен, а уште пет се ранети во вооружен напад во средното училиште во градот Рокфорд во сојузната држава Вашингтон. Напаѓачот набрзо после инцидентот бил уапсен, а од полицијата потврдиле дека опасноста е отстранета.
Една ученичка објави фотографија по што цело училиште останало блокирано.
Полицијата евакуирала училница по училница, кат по кат, додека не го нашле и уапсиле напаѓачот. Во тоа време многу родители се плашеле за своите деца и чекале расплет на настанот.
„Му се јавив на синот и тој ми кажа: Мамо, овде се пука“, кажа мајка на еден ученик кого во времето на нападот го еваурале во блиското основно училиште.
Мотивите за нападот се уште не се познати.