Еден заболен во ДСЗИ, 10 вработени во Министерството за здравство се во самоизолација

Еден вработен во Држаниот санитарен и здравствен инспекторат е заболен од Ковид-19, а во самоизолација се тројца вработени од ДСЗИ, шест вработени во Министерството за здравство и еден од „Мој термин“, потврди за НОВА, д-р Ирина Сотирова Бухова, директорката на ДСЗИ. Таа појасни дека заболениот е административен работник кој во петокот имал температура, а тестот покажал дека е позитивен на Ковид.

Во ДСЗИ во самоизолација се двајца административни работници кои биле со него во канцеларија и една инспекторка. Заболениот имал контакти со вработени во Министерството за здравство и сите шест вработени и еден од Мој термин се ставени во самоизолација од 14 дена.

„ДСЗИ продолжува да функционира. Апелирам и до своите вработените и до граѓаните, строго почитување на мерките за заштита, зашто само така ќе го заштитиме своето здравје и здравјето на другите“, изјави директорката, Сотирова Бухова.

Неофицијално, заболениот е заразен од приватни средби, вечери за време на Рамазанските празници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.