Еден загинат и еден тешко повреден во сообраќајка кај Валандово

Синоќа во 20 часот и 05 минути на регионалниот пат село Удово-Валандово, на место викано „Расадник“ кај село Јосифово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 31- годишниот М.Т. од село Јосифово, валандовско, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43- годишниот А.Т од село Блаце, скопско и трактор „ИМТ“ со приколка без регистарски ознаки, управуван од 52- годишниот Р.Ч од село Јосифово.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот на возилото „Опел Астра“.

Возачот на возилото „БМВ“, А.Т. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот во истото возило 21- годишниот З.Ш од село Удово, валандовско, се здобил со телесни повреди.

На повредените им била укажана лекарска помош во Медицински центар Валандово. Поради сериозноста на повредите, А.Т. бил пренесен на лекување во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Валандово. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.