Млад маж им подлегна на повредите здобиени во тешката сообраќајна несреќа којашто се случи во петокот вечерта во скопско, додека повозрасен човек е хоспитализиран со тешки повреди.
Несреќата се сличила вчера во 18,42 часот во Скопје на улица „Јадранска магистрала“, кога возило „ленд крузер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 58- годишниот Н.Ј.А.М од село Орман, удрило во пешаците 23-годишниот А.Н од Гостивар и 68-годишниот З.А од село Дебреше, гостиварско.
Настраданите биле пренесени во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде во 19,20 часот доктор ја констатирал смртта кај мочето, додека кај гостиварецот се констатирани телесни повреди.