Еден загинат на протестите во Индијанаполис, новинари погодени со гумени куршуми во Минеаполис

Едно лице загинало и најмалку уште две се ранетов во Индијанаполис во американската сојузна држава Индијана, во пукање во текот на немирите по полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд, додека двајца членови на телевизиската екипа на агенцијата Reuters исто така во саботата ноќта се повредени со гумени куршуми додека ги снимале протестите во Минеаполис каде што се случи последниот инцидент со полициска бруталност кој предизвика протести и безредија ширум САД.

Како што пренесува весникот Indy Star, повикувајќи се на соопштение на полицијата во Индијанаполис, започната е истрага за пукањето на протестите, но се тврди дека полициските службеници не отвориле оган. Градската полиција сѐ уште не дала информации за идентитетот на жртвата и ранетите.

Според полицијата, во текот на немирите, демонстрантите ги напаѓале полициајците, кршеле прозорци на деловни згради, а подоцна и пукале од огнено оружје. Шефот на полицијата, Рендал Тејлор, апелирал до жителите на Индијанаполис да прекинат со насилствата и вандализмот.

Инцидентот во Минеаполис, како што јавува Reuters, се случил откако припадници на безбедносните сили, кусо по почетокот на полицискиот час, упаднале меѓу група од петститини демонстранти, групирани во југозападниот дел од градот.

Снимките на Хулио-Сезад Чавез, прикажуваат полицаец како цели кон снимателот додека неговите колеги истрелуваат гумени куршуми и солзавец за да го растераат демонстрантите.

„Полицаецот кого го снимам се свртва и ја насочува својата пушка со гумени куршуми директно во мене“, вели на снимката Чавез.

Неколку моменти подоцна Чавез и советникот за безбедност на Reuters, Родни Севард, се погодени од гумени куршуми, при снимање на блиската полициска станица. На снимките кои биле направеми во моментите кога се обидувале да се засолнат, се слушаат неколку истрели, а Северд вика „Гумен куршум ме погоди в лице“.

На новинарско прашање за инцидентот, портпаролот на полицијата во Минеаполис, Џон Елдер, побара копија од видео-снимката и не сакал веднаш да ја коментира.

Двајцата, Елдер погоден под левото око и Чавез погоден во вратот, кои биле означени како новинари, и со панцирен елек, лекар им пруќил помош.

Комисјата за слобода на медиумите, како што пишува The New York Times, добнила десетина извештаи за напади и закани упатени на новинари во текот на протестите во САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.