Еден загинат во сообраќајка во Кочани

загинат

Во незгодата на местото на настанот починал Ј.Г., возач на патничко моторно возило „Хјундаи“.  Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица – Кочани.

Притоа бил извршен разговор со сопругата на Ј.Г., која појаснила дека непосредно пред сообраќајната незгода најверојатно нејзиниот сопруг добил срцев удар и изгубил контрола над возилото, по што ја предизвикал сообраќајната незгода. Возачите се алкотестирани, при што не е утврдено присуство на алкохол во крвта, а додека на починатиот е земено крв за анализа. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб и над истото не е извршена обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.