Џеди Осман потпиша за Панатинаикос

Турскиот кошаркар кој е роден во Охрид, Џеди Осман ќе потпише договор со Панатинаикос, објави претседателот на клубот Димитрис Јанакопулос.

Осман се враќа во Европа откако ја мина сезоната во Сан Антонио Спарс, а претходно шест години играше за Кливленд Кавалирс.