Еди Рама ги повика своите граѓани да се вратат во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама ги повика сонародниците кои, поради катастрофалниот земјотрес, заминаа во Косово, да се вратат затоа што вкупната состојба во областите погодени од земјотресот се подобрува.

Рама утрово, на итна средба со Советот на министри во Тирана, им нареди на министрите за образование и здравство и социјална заштита Беса Шахини и Огета Манастирлиу да ги повикаат и да ги вратат луѓето што се засолниле на Косово.

Според медиумите, во Косово се над две илјади албански граѓани, поголемиот број од нив во Призрен.

По Самитот на НАТО во Лондон Рама искажал оптимизам дека Европа ќе ја поддржи Албанија да ја надмине состојбата по катастрофалниот земјотрес.

Според него 15-те милиони евра доделени од Европската комисија не се единствена помош, дека очекува средства и од ИПА, а и одржувањето на две донаторски конференции, едната што ќе ја организира ЕК и втората од турскиот претседател Ердоган.