Еди Рама ќе биде првиот албански премиер кој ќе ја посета Србија по 1946 година

Албанскиот премиер, Еди Рама, најверојатно во февруари ќе го посети Белград во рамки на турнејата по земјите од регионот, соопшти српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ за весникот „Политика“.

Мркиќ посочи дека датумот за посетата се уште не е прецизиран бидејќи во последните недели Белград беше зафатен со други важни прашања, како што се преговорите со Приштина и почетокот на преговорите со ЕУ.

„Политика“ потсетува дека тоа ќе биде прва посета на еден албански премиер на Србија уште од 1946 година, кога Енвер Хоџа го посети Белград.

Мркиќ соопшти дека на дневниот ред на разговорите ќе биде, пред се, билатералната соработка, затоа што „двете држави имаат интерес да соработуваат во областите на земјоделието, туризмот, транспортните врски, образованието“.