Еди Рама на жиро-сметки собира донации за плаќање на казните за Џака и Шакири

Откако ФИФА ја објави паричната казна од по 10 илјади франци за репрезентативците на Швајцарија, Гранит Џака и Џердан Шакири, кои по постигнатите голови против Србија славеа со создавање на двоглавиот орел со рацете, албанскиот премиер Еди Рама отвори специјални жиро-сметки на кои секој може да уплаќа донации со кои би се платила казната.

Премиерот на Албанија на својот фејсбук-профил нагласува дека донациите се одвиваат под слоганот „Не плашете се од орелот“, а средства може да се уплаќаат во албански леки и евра.

Знакот на орелот е наш знак на распознавање при веселби, се наведува меѓу другото во пораката на Рама.