Един Џеко ќе го глуми Радамел Фалкао

Сопственикот на францускиот прволигаш Монако, рускиот бизнисмен Димитри Риболовлев ќе се обиде до крајот на зимскиот преоден рок да купи нов напаѓач, а истиот ќе биде ангажиран како замена за тешко повредениот репрезентативец на Колумбија, Радамел Фалкао. 

Според последните информации кои пристигнуваат од Франција, богатиот сопственик на Монако сега своето внимание го има насочено кон босанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Един Џеко.

И покрај изјавата на актуелниот менаџер на Сити, Мануел Пелегрини, дека Џеко не е за продажба и дека може да гарантира со 100 отсто сигурност дека ќе остане на „Итихат” до крајот на актуелната сезона, Риболовлев е убеден дека услугите на 27-годишниот напаѓач можат да бидат осигурани со официјална понуда не помала од 25 милиони евра.