Единаесет атентати врз Порошенко биле спречени во 2018-та

Одделот за безбедност на претседателот на Украина, спречиле 11 атентати врз актуелниот претседател Петро Порошенко во текот минатата 2018 година, изјави во четвртокот шефот на споменатата служба Валериј Гелетеј.

„Во 2018 година беше предупредно за близу 11 атентати само против претседателот на нашата држава“, вели Гателеј кого го цитира интернет страницата на Украинското радио.

Тој, исто така, вели дека службата за обезбедување на шефот на државата тесно соработив со Службата за безбедност, со одделот кој се занимава со тероризам, со разузнавањето и со повеќе сектори во украинската полиција.

Порошенко објави дека има намера повторно да се кандидира на претседателските избори, кои ќе се одржат на 31-ви март. Изборната кампања започна на 31-ви декември, кога почнаа номинациите на кандидати и доставувањето документи до изборната комисија. Според украинските закони, по поднесувњето на документацијата на кандидати, централната изборна комисија има рок од пет дена за разгледување и регистрација.

Според последните податоци, комисијата веќе регистрирала 20 претседателски кандидато. Анкетите покажуваат дека според рејтингот во текот на изминатите неколку месеци во водство е челничката на партијата а Баткившчина (Татковина), поранешната украинска претседателка Јулија Тимошенко со поддршка меѓу 15 и 18 отсто., а во истиот период рејтингот на актуелниот претседател Петро Порошенко се движи околу 14 отсто. Меѓутоа, последнава седмица повеќе анкети покажаа дека во водство е познатиот украински шоумен Владимир Зеленски со над 20 отсто поддршка, а исто така пораснала и поткрепата за Порошенко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.