Единаесет македонски градови вечерва бараат Заев да отстапи од власта

ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот вечерта организираше масовни протести во 11 града низ Македонија, на кои граѓаните повторно побараа премиерот Зоран Заев да отстапи од должност, поради неговите неуспешни политики и особено поради тргувањето со националниот идентитет и македонската самобитност.

Тие се револтирани од ставовите на премиерот Зоран Заев изнесени во неговото интервју за БГНЕС. Бараат да каже што ветил на Бугарија.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, за време на протестот „Оставка на Заев, слобода на народот“, порача дека темелите на државноста на Република Македонија се илинденците и народноослободителната борба на партизанското движење АСНОМ и дека никој нема право да ги негира овие историски факти, а најмалку оној кој треба да го води македонскиот народ кон подобра иднина.

Изјавите на Заев ги нарекоа скандалозни.

Бараат оставка од Заев, формирање на Влада на национален спас, составена од експерти, како и обединување на целиот македонски народ и сите граѓани кои живеат во Македонија, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми и останатите.