Единаесет нови случаи на коронавирус во Тиквешко, заболена и една наставничка

Единаесет нови случаи на коронавирус се потврдени во Тиквешко во изминатите 24 часа, заболена е и една наставничка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Девет од новозаболените лица се од Кавадарци, а по едно  од Неготино и Демир Капија.

-Изолирани се една наставничка и 16 ученици, ќе биде извршена дезинфекција во училиштето. Едно 53 годишно лице од Демир Капија е хоспитализирано во Велес, рече Јовановски.

Сите новозаболени, од двата пола, биле со симптоми. Двајца од нив претходно имале контакт со лице позитивно на Ковид-19.

Од почеток на пандемијата досега, во Кавадарци заболеа 260 лица. Во Росоман и Демир Капија по  13, Неготино 53 лица. Се утврдуваат контактите на новозаболените, со цел нивна изолација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.