Единаесет новороденчиња загинаа во пожар во Сенегал

Сенегалскиот претседател Маки Салкк изјви во средата доцна ноќта дека 11 новороденчиња загинале во пожар во неанаталниот оддел на регионалната болница во градот Тивауане, околу 120 километри источно до престолнината Дакар.

„Само што со болка и вознемиреност дознав за смртта на 11 новородени бебиња во пожарот кој избувна на неонаталниот оддел во болницата ‘Абдул Азис Си Данак’ во Тивауне. Изразувам најдланоко сочуваство до нивните мајкии семејства“, напиша претседателот Салл кој е во посета на Ангола во твит без дополнителни поединости за пожарот.

Според локалните медиуми, споменатата болница била неодмана свечено отворена.

Сенегалскиот министер за здравство Абдулеи Диуф Сарр изјави за приватната телевизија TFM дека „според првичните извештаи, пожарот го предизвикал краток спој“.

Министерот Сарр, кој е во Женева на собранието на Светската здравстена организација (СЗО – WHO) изјави дека ќе го скрати престојт и веднаш ќе се врати во Сенегал.

Демба Диоп Су, градоначалник на Тивауане, изјави дека во болницата сѐ уште има пожарникари и полицајци, но не даде дополнителни поединости. Според него, три новороденчиња се спасени.