Единаесет повредени во 16 сообраќајки вчера во Скопје

Во 16 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје, 11 лица се здобиле со повреди, од кои едно со тешки телесни повреди.

СВР Скопје информира дека во рамки на преземените мерки и активности регистрирале 15 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 13 возачи, сите пред да се стекнат со право на управување моторно возило. Исклучени се и 16 возила од сообраќај и тоа сите технички не исправни.

Не прописно паркирани биле 42 возила, додека пајакот подигнал 50.Како што информираат од СВР Скопје 19 возачи користеле и мобилен телефон за време на управување со моторните возила.