Единаесет ранети во пукање во Њу Орлеанс

REUTERS/Lee Celano

Единаесет лица се ранети, од кои две тешко, во пукање кое во неделата се случило во туристичкипт ткн Француски кварт на Њу Орлеанс, соопшти полицијата на овој јужен американски град.

„Во 3,21 часот (12,31 часот по македонско време) полицијата во близина на местото на настанот извести за пукање. Полицајците по доаѓањето затекнале неколку лица погодени од огнено оружје“, се наведува во соопштението на локалната полиција кое го цитира телевизиската мрежа ABC News.

Се додава дека ниеден полициски службеник не е ранет. Дест лица се пренесени во најблиските болници. Единаесеттото лице во болница се јавило само. Двајца од ранетите „се во критична состојба“, соопштуваат локалните власти.

Засега нема осомничени за наапдот, но полицијата на Twitter објави дека во близина на местото привела лице за чијашто „можна вмешаност во овој настан сѐ уште се истражува“.

Пукањето се случило на влезот во Францускиот кварт кој е масовно посетуван од туристите во текот на продолжениот викенд за Денот на благодарноста, кога љубителите на американскиот фудбал се собираат на дербито меѓу Грамблинг Стејт Јуниверзити и Саутерн Јуниверзити.

Според ABC News инцидентот се одигртал токму по одержувањето на натпреварот.