Единаесет загинати во пожарот во француското одморалиште за лица со посебни потреби

Единаесет лица се пронајдени под урнатините во одморалиштето за возрасни лица со посебни потреби во францускиот град Винтзенхајм, откако претходно во него избувна пожар, изјави попладнево Натали Килвасер, заменик јавен обвинител на блискиот град Колмар, пренесе ДПА.

Претходно, 10 лица со инвалидитет и негувател се водеа како исчезнати по пожарот во оддалечениот кварт Винтценхајм.

Не се знаеше дали луѓето имале потешкотии да излезат од куќата поради нивната попреченост, рече Килвасер.

Пожарот во одморалиштето избувна утринава околу 6:30 часот,а во тоа време во него престојувале 28 лица, додаде германската агенција.

Локалната префектура јави за две возрасни групи, вклучувајќи и лица со посебни потреби. Седумнаесет лица успеале да побегнат од објектот пред да пристигне противпожарната единица, а повеќето од нив биле во приземјето.

Во пожарот се пеплосани 300 метри квадратни станбена површина од зградата од 500 метри квадратни.

Во пожарот е повредено и едно лице, а друго е во шок, соопшти префектурата.