Ексклузивно: Единицата за специјални задачи „Тигар“ по коалициски клуч добива заменик-командант Албанец

По 37 години од формирањето, полициската единица за специјални задачи „Тигар“ станува дел од коалицискиот колач на распределба на места помеѓу СДСМ и ДУИ, дознава Нетпрес.

Според информации во МВР, станува збор за Локман Сељими, близок партиски соработник на Талат Џафери од скопско Арачиново, вработен во МВР. Сељими по случувањата на 27-ми април во македонското Собрание, во низа интервјуа за медиуми на албански јазик во Македонија и странство им порачува на Албанците „дека треба да знаат дека има луѓе во Македонија кои ја штитат нивната крв и да се обединат“.

ESZ Tigar

Во текот на растерувањето на граѓаните од Собранието истиот на група постари граѓани, меѓу кои и жени, им се обраќал со зборовите „не сте луѓе вие“ и грубо ги туркал.

Дали ваквото негово однесување и поделба на граѓаните на вредни за кои „има кој да им ја штите крвта“ и за „нелуѓето“ ќе придонесе за довербата и интегритетот на полициските „Тигри “ во македонското општество?

ESZ Tigar

Нашите извори во МВР велат дека се шпекулира оти сегашниот командант на Единицата, Митко Даневски, наводно бил подготвен да си поднесе оставка доколку се случи политичко наметнување на Албанец за негов заменик. Сепак, Даневски ќе се одважи на таков потег е дискутабилно бидејќи негов близок роднина наводно е обезбедување на Зоран Заев.

Инаку, Даневски е припадник на ЕСЗ од 2001 година кога тогашниот министер за внатрешни Бошкоски, преку кампањата „Биди Тигар, Македонија те повикува“, успеа да анимира млади и способни патриоти да застанат на браникот на татковината. Дека ЕСЗ, но и Единицата за брзи интевренции, се на менито од партиско-коалицискиот колач на Заев со ДУИ покажува и фактот дека дури 20 нови припадници Албанци се подготвуваат да влезат во ЕБР, заедно со заменик на оваа единица, исто така Албанец.

Dzezair Sakiri Hodza ESZ Tigar

За жал, заложбите на сега веќе бившиот советник на Заев, Џезаир Шаќири алијас командант Хоџа, за добивање на податоци за сите припадници на полициските специјалци сепак ќе се реализираат одвнатре од самите единици. Моралот и мотивираноста според изјавата на Хоџа кај „Тигрите“, само ќе оди кон надолно ниво.

Ова е дел од интервјуто на Локман Сељими дадено за порталот на албански јазик „Албеу“, во периодот по случувањата во македонското Собрание на 27 април со наслов „Како го спасивме животот на Заев, Села и другите пратеници“.

„Од аматерските видеа се гледа како Зијадин Села беше нападнат од страна на голем број хулигани, а подоцна беше изјавено дека бил однесен во болница.

Албеу: Ние сме среќни што се спасивте! Можете ли да ни објасните што се случи минатата ноќ во македонскиот Парламент?

Селими: Јас сум командант на „тим“ во Специјалните сили. Интервениравме да ги заштитиме пратениците без разлика на кое крило биле. Интервениравме за да ги однесиме на безбедно место и успеавме.

Албеу: Колку Албанци има во вашиот тим?

Селими: Има некои Албанци, но тројца сме повредени. Ние бевме најактивни во спасувањето на пратениците соочувајќи гради со гради со хулигани.

Албеу: Каква е вашата и состојбата на другите повредени колеги?

Селими: Во моментов сме во ред. Се стабилизира.

Албеу: Како ситуацијата се случи таму? Дали се чувствувавте загрозени?

Селими: Ние сме подготвени за секоја ситуација, бидејќи ние сме професионалци. Но, не верувам дека ќе се влоши повеќе.

Албеу: Вие интервениравте сами откако видовте дека животот на албанските пратеници бил загрозен или имавте наредба?

Селими: Не можам да зборувам за тоа, затоа што е дел од тајноста на нашата работа. Луѓето со повисоки чинови од нас се запознаени со тоа.

Албеу: Денес си херој меѓу Албанците, дали имаш порака за нив?

Селими: Албанците треба да знаат дека има луѓе во Македонија кои ја штитат нивната крв. Мојата порака е да бидеме обединети и да не се расцепкуваме.

Албеу: Дозволете ми да ви се заблагодарам! Бог да ве чува!

Од Министерството за внатрешни работи не коментираа за информацијата на Нетпрес, само кусо одговорија дека во моментовв нема микакви кадровски промени во оваа еддиница.