Македонија

„Единствена Македонија“: Џафери да не се расфрла со провокативни изјави

„Единствена Македонија“: Џафери да не се расфрла со провокативни изјави

„Единствена Македонија“ изразува вознемиреност од, како што велат, заканувачката изјава на Талат Џафери дека Законот за употреба на јазиците не може да има иста судбина како законот за бранителите и доколку не се сфатело оти ова било на штета на Албанците, тогаш ќе преземеле други чекори.

„Единствена Македонија во име на македонскиот народ го предупредува Талат Џафери да не се расфрла со провокативни изјави, зашто ако мора уште еднаш да се преземаат „други чекори“, само ќе ни ја олесни работата оти Македонците се при крај со своето трпение од секојдневните провоцирачки и веќе здодевни барања на албанското малцинство за некои нови и нови права.

Дотолку повеќе, со т.н. рамковен договор кој е длабоко трауматичен за македонската национална свест и фалсификуваниот попис за лажното претставување на Албанците дека се 25 отсто, Албанците практично добија се, а Македонците премногу загубија.

Потсетуваме дека Законот за бранителите во 2012 наиде на неочекувана реакција токму од Талат Џафери како тогашен координатор на пратеничката група на ДУИ со читањето на поезија во Собранието до бескрај, поготово „Тишина“ од Ацо Шопов.

Затоа, најдобронамерно му порачуваме и го повикуваме нелегитимно избраниот претседател Талат Џафери на „Тишина„ во Собранието“, се вели во реакцијата на „Единствена Македонија“ на изјавата на Талат Џафери.