Единствена Русија на Путин официјално ќе има 324 пратеници во руската Дума

Руската Централна изборна комисија (ЦЕЦ) ги објави официјалните резултати од гласањето за Државната дума на изборите одржани од 17 до 19 септември.

Според резултатите, партијата „Единствена Русија“, чиј член е претседателот Владимир Путин, освои најмногу места – 324.

-Конечните извештаи на изборната комисија, кои се однесуваат на Државната дума, чесно го покажуваат исходот од гласањето. Резултатите се валидни – изјави директорката на ЦЕЦ, Ела Памфилова,

Во Долниот дом на рускиот Парламент, исто така, влегуваат и Комунистичката партија на Руската Федерација (57 места), „Праведна Русија – за правда“ (27), Либерално демократската партија (21) и „Нови луѓе“ (13).

Три партии (Родина, Партијата за раст и Граѓанската платформа) ќе имаат по еден пратеник, а уште пет независни пратеници ќе влезат во Думата.

„Единствена Русија“ на изборите во 2016 година освои 343 места.