Единствената тема во комуникацијата на Русковска и Мицкоски биле уцените од Катица Јанева

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Вилма Русковска, уште еднаш ја потврди нејзината спрега и тесна врска со власта во Македонија, и сега ми е јасно зошто премиерот Зоран Заев толку многу се обидуваше веднаш да најде замена за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и тоа да биде токму Русковска, истакна во средата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со последните информации изнесени од обвинителката.

Челникот на опозицијата синоќешниот настап на Русковска за ТВ14 го оцени како скандалозен, особено делот во кој обвинителката тврдеше дека му се јавила на Мицкоски во врска за неговите сознанија за одредени случаи кои ги води Обвинителството, а по неговото „мафтање со документи од истрагата за случајот Рекет“.

Русковска вчера во емисија во обид да ја одбрани власта и да скандализира нешто каде што нема простор да скандализира, изнесе груба невистина. Но каква е вистината: На 26-ти јули Русковска ми испрати СМС порака, во која ме замоли да се слушнеме, јас по СМС пораката ѝ се јавив, ме замоли да се видиме, јас ја поканив во седиштето да дојде, таа рече дека не е пристојно да дојде во седиштето. Тогаш ја запрашав на кое друго место и што би била темата. Таа ми одговори дека темата би била уште еднаш да поразговараме околку актуелната ситуација, но и моја изјава во врска со уцената која Катица Јанева ја испорача на еден наш состанок за кој ја претходно ја информирав јавноста. Таа ми рече дека тој ден не е во можност и предложи некој друг термин, на што јас ѝ реков дека не можам во деновите кои следат поради густиот распоред. И се договоривме да се слушнеме по годишниот одмор и го одржиме тој состанок. На 15-ти август ѝ испратив СМС порака и ѝ реков дека сум во Скопје и стојам на располагање, на што добив одговор дека ќе ме побара. На 11-ти септември беше прес-конференцијата која таа вчера ја споменуваше, каде што јас зборував за документите кој свиркач ги достави до ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски

Додаде дека вчудовиден и разочаран од лошата состојаба во правосудството и од тесната поврзаноста меѓу власта, обвинителството и судството и вети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт „правосудството ќе биде ослободено од канџите на политиката“.

Притоа истакна дека за сето она што го искажа во изјавата за медиумите поседува докази.

„Сиве овие невистини и лаги имаат за цел да му слугуваат на Заев“, рече Мицкоски

Потенцираше дека телефонскиот разговор бил поврзан за една тема, односно уцената која тој ја добивал од Јанева и која била поврзана со случајот за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку уредно бидам поканет од Обвинителството, се разбира, дека ќе се одзвам на поканата“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.ж

Русковска во вечерашното интервју на ТВ 24, меѓу другото, рече дека не ја исклучува можноста лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да биде повикан на распит за случајот „Рекет“.

осочи дека пред Мицкоски да покажува документи за кои тврди дека се од истрагата „Рекет“, таа му се јавила на телефон.

Пред да мавта со тие работи, го побарав на телефон затоа што имаше изјавено дека никој не го викнал во Основното јавно обвинителство, а тој знаел и за други случаи. Го прашав за кои случаи има сознанија, рече дека тој тоа не го кажал. Го прашав дали има сознанија за други луѓе од кои биле барани пари, рече ќе размисли. Бев презафатена со други работи. Јас сум сигурна дека нема да сака да помогне, но не ја исклучувам можноста да биде повикан, рече Русковска.

Мицкоски во септември во текот на гостувањето на телевизијата АлсатМ потврди дека поседува копии од записниците на сведоците за аферата „Рекет“ и истакна дека нема да биде изненаден доколу биде уапсен по наредба на премиерот Заев, од страна на обвинителката  Рускоска.