Една година од појавата на Covid-19, ОН прогласија Ден на подготвеноста за епидемии

Околу една година откако беше објавено дека се регистрирани првите случаи на инфекција со новиот коронавирус SARS-CoV-2 кој го предизвикува белодробното заболување Covid-19, Генералното собрание на Обединетите нации во понеделникот го прогласи датумот 27-ми декември за Меѓународен ден на подготвеност за епидемии, во обидот да се научат лекциите од пандемијата на коронавирусот за идните глобални здравствени кризи.

Корнонавирусот првпат беше идентификуван и за тоа ланскиот 25-ти декември првпат објавено во медимите во центаралниот кинески град Вухан, а потоа во разни мутации вирусот се прошири низ светот, заразувајќи досега повеќе од 66 милиони луѓе од кои починаа околу 1,5 милион лица.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во март годинава ја прогласи пандемијата, за што САД и некои други западни земји критикуваат дека било премногу задоцнето.

Генералното собрание на ОН, кое има 193 земји членки, со консензус ја усвои резолуцијата со коај се признава потребата од „подигнување на нивото на приправност за на секоја епидемија да може да се појави одговор што е можно побрз и што е можно поефикасен“.

„Имајќи предвид дека Генералното собрание порани прогласи меѓународно денови посветени на шахот или јогата, се чини чесно и епидемиите да имаат свој ден“, објави шефот на меѓународната кризна група на ОН, Ричард Гоувен.

Резолуцијата на ОН ја истакнува важноста од меѓународната соработка и мултилатерализмот.

„Пандемијата нѐ затече неподготвени, но и послужи како повик за будење за подобрува на нашата приправност. Веруваме дека Меѓународниот ден на подготвеноста на епидемииите ќе биде добар начин за постигнување на оваа цел“, изјави виетнамскиот амбасадор при светската организација, Данг Дин Куи.